КОГА забременила на 18 години и дознала дека чека девојче, мајката на Кајла се надевала дека ќе ги наследи нејзините гени. Таа е мала и витка.
Нејзиното бебе при раѓањето тежело 3,3 килограми, што е нешто помалку од американскиот просек. Но, на 14 месеци таа веќе носи облека наменета за тригодишни деца, а Кајла тврди дека не е дебела.
„За време на бременоста, мислев дека моето бебе ќе биде мало“, напишала таа во вирален предизвик на TikTok, а потоа се снимила како го држи големото бебе во рацете.
„Нејзиниот татко е висок и голем, па таа е на него“, додала таа. Мамјката ја покажала својата голема 14-месечна ќерка, луѓето ја нарекувале злоставувач…
@thatmomkaylaHer dads side is tall & big so ofc she’s just like them 😩 love her though #momsoftiktok #teenmom #bigbaby #toddler #youngmom
Откако видеото станало вирално и собрало над 9. милиони прегледи, Кајла се нашла на удар на лица кои ја нарекле злоставувач.
„Детето треба да се движи, ова е дебелина“, ѝ напишало едно лице.
Кајла тврди дека девојчето прооодело на 10. месеци и е доста активно.
„Трча насекаде. Не се обидувајте да ми кажете што треба или што не треба да правам“, одговорила мајката.
Некои отишле дотаму што и се заканиле на Кејли со социјалната служба.
„Разговарав со советничката за доење и таа вели дека се е во ред. Семејството на нејзиниот татко е големо, а јас сум мала, па таа изгледа многу поголема кога е покрај мене. Добро јаде и е здрава”, објаснила Кајла.
Фото: Принтскрин/TikTok