Ѕвездата од серијата „Игри на престолите“ запросена со прекрасен прстен


„Рече ’ДА’“ напишал Џо под сликата од прекрасниот прстен кој е навистина уникатен…
Вчера младиот музичар Џо Џонас на Инстаграм со обожавателите ја поделил среќната вест, дека неговата девојка Софи Тарнер се согласила да се омажи за него.
Станува збор за црвенокосата ѕвезда од хит серијата „Игри на престолите“ за која светот дознал токму благодарение на улогата на Санса Старк во споменатата серија.
„Рече ’ДА’“ напишал Џо под сликата од прекрасниот прстен кој е навистина уникатен.

She said yes.


A post shared by J O E J O N A S (@joejonas) on


Да потсетиме, двојката е заедно од 2016. година,а се чини дека музичарот потполно се смирил покрај глумицата бидејќи, порано, во холивудските кругови важел за голем заводник.

Oh hi there 📸- @shaynelaverdiere @hollywoodreporter


A post shared by Sophie Turner (@sophiet) on

На неговиот шарм паднале бројни славни дами, меѓу кои се и Тејлор Свифт која наводно ја оставил со телефонски повик од неколку секунди, како и Џиџи Хадид, која го оставила после шест месеци врска поради сегашниот дечко, Зејн Малик.
Тогаш Џо коментирал дека е интересно што толку брзо се снашла но се чини дека ионака не била „онаа вистинската“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Британска водителка открила дека има дупка во срцето, се огласила по напорната операција

Британската водителка Ема Вилис открила дека била оперирана откако дознала дека има дупка во срцето. …