Зошто е неопходно новите алишта да се исперат пред да се облечат

Сте купиле нов фустан и едвај чекате да се вратите дома, да го облечете и гордо да прошетате низ градот. Се’ е супер, но сепак треба да бидете трпеливи, бидејќи таа нетрпеливост може да ви донесе многу проблеми…
Стигнавте од продавница, веднаш облекувате ново парче облека и сите ве преплавија со комплименти, сепак тие комплименти нема да ви помогнат со црвенилото и чешањето на кожата следниот ден.
Ова црвенило се нарекува алергиски дерматитис предизвикан од специфичен алерген. Реакцијата веројатно нема да се случи веднаш, туку следниот ден или дури по неколку дена. Оваа реакција најчесто ја предизвикуваат боите на облеката.
Овие бои најчесто се користат на синтетички материјали, како што се полиестер и најлон. Овие бои се ослободуваат од материјалот при потење и допирање на материјалот. Овие реакции може да се избегнат со перење на алиштата пред да се носат, со што се отстранува вишокот на боја.
Сепак, алергискиот осип не е единствената негативна реакција што може да ја предизвика новата, неисперена облека. Во 2014. година, научниците од Универзитетот во Стокхолм тестирале облека од различни бои, материјали, производители и цени.

This image has an empty alt attribute; its file name is jlo-karantin-obleka-6.jpg
Во 29. од 31. парче облека, тие пронашле хемикалија наречена кинолин, која Агенцијата за заштита на животната средина на САД ја прогласила за потенцијална канцерогена за луѓето – иако сè уште не се спроведени студии на луѓе за да се потврди ова.
Улрика Нилсон, член на истражувачкиот тим, наведува дека пронашле други, исто така канцерогени хемикалии, но наведува и дека нема доволно истражувања за внесувањето на овие хемикалии преку кожата.
„Во ваш најдобар интерес е да ги перете алиштата пред да ги облечете“, вели Дејвид Ендрјус, научник кој истражувал хемикалии за отстранување на дамки, против туткање, засилувачи на боја и слично. Тој рекол и дека производителите не наведуваат кои хемикалии ги користат на облеката, а тие се потенцијално опасни за луѓето, а можат да бидат штетни за животната средина.


This image has an empty alt attribute; its file name is masina-za-perenje-2.jpg
„Зачудувачки е да се купи маичка која наводно е 100% памук, но никаде не е наведено кои хемикалии ги содржи“, продолжил тој.
„Бидете трпеливи и почекајте ден-два додека не ви се испере новата облека“, тоа е добро за вас.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …