„Ѕверка“ ја губи работата, го ангажирал адвокатот на Бил Козби

Крис Нот повеќе нема да се појавува во серијата на CBS „The Equalizer“.
По неколку обвинувања за сексуален напад, Universal Television и CBS објавија дека Крис Нот повеќе нема да снима дополнителни епизоди за споменатата серија, и дека тоа ќе стапи во сила веднаш, пишува „E! News”..
Во серијата, предводена од Квин Латифа, Нот го играше Вилијам Бишоп, поранешен агент на ЦИА и пријател на ликот на Латифа, Робин Мекол.
Актерот (67) веќе ја снимил претстојната епизода, а покрај тоа ќе се појавува и во идните репризи на минатите епизоди кои се веќе емитувани.

This image has an empty alt attribute; its file name is kvin-latifa-i-kris-not.jpg
Да потсетиме, на 16 декември, „The Hollywood Reporter“ објави извештаи за две жени кои ја обвинуваат ѕвездата на „Сексот и градот“ за сексуален напад, а Крис Нот ги негирал обвинувањата, тврдејќи дека „врската се случила со заедничка согласност“.
Потоа на виделина излегоа уште две наводни жртви, актерката Зои Листер Џонс, која глумеше во серијата „Закон и ред“, како и жена под псевдонимот Ава.
По обвинувањата, Нот беше отфрлен од Агенцијата за уметници „А3“, група на која се приклучи пред неполни три месеци. Портпаролот на компанијата за управување со таленти за Deadline изјавил дека ѕвездата „повеќе не е клиент“.
Оттогаш Нот ангажирал адвокат, Ендрју Бретлер, кој ги застапувал Арми Хамер, принцот Ендру и Бил Козби.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …