Зимата се враќа со дожд и снег – Еве какво ќе биде времето до крајот на неделава

УХМР за денес најави пороен дожд кој некаде ќе надмине 20. литри на метар квадратен и силен ветер од преку 70. километри на час. Во наредните денови се очекува и заладување поради продор на студена воздушна маса.
Врнежите на места ќе бидат поројни и пообилни, проследени со силен ветер. На планините на северозапад ќе врне снег. Попладне врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а во попладневните часови ветерот ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засилува. Во текот на ноќта особено долж Повардарието ќе дува силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2. до 8., а максималната ќе достигне од 8. до 15. степени.


Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд и умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3., а максималната ќе достигне до 12. степени.
Поради продор на многу студена воздушна маса од север денес попладне ќе почне да дува засилен северен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови и ќе услови значително заладување.
Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и студено. За викендот ќе биде многу студено со врнежи од снег. На планините ќе се зголеми снежната покривка, а ќе има и локални врнежи од снег. Утринските температури на места ќе се спуштат и до минус 7. степени, а и дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата, но преку викенд ќе се движат околу 5. степени.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Препознајте ги – Дали сте создадени еден за друг? Овие знаци покажуваат дали сте компатибилни со партнерот!

Компатибилноста е еден од темелите на секоја успешна врска. Тоа се однесува на компатибилноста на …