Зимата не го кажала последниот збор: Што не очекува до крајот на февруари?

Денес низ земјава ќе започне да дува умерен до наместа и засилен јужен и југозападен ветер, што воедно ќе биде и најава за промената која допрва следи. Се очекуваат локално удари на ветер и од над 80 км/ч. До крајот на денот ќе настапи и наоблачување кое до вечерните и ноќни часови ќе услови и врнежи најпрвин на запад а потоа и на повеќе места низ земјава. Врнежите ќе бидат од дожд а на планините од снег.


Од вторник па во деновите потоа ќе има ново поизвесно ЗАЛАДУВАЊЕ со нов пад температурите, ова всушност ќе не потсети дека зимата се уште не е замината и не треба да се опуштаме многу во раните пролетни температури кои ќе ги имаме во следните два дена.
Во текот на следната седмица ќе биде ветровито, студено и доста променливо а ветерот ќе го смени правецот во северен. Повремено, но локално, ќе има и врнежи од снег, малку снегче ќе има и во дел од пониските места, но засега ништо претерано обилно.
Следната седмица насекаде низ земјава минималната температура ќе падне под нула локално и под -10 С, дневните во повеќето делови ќе достигнат и до околу па и под +5 С, на југоисток и до +7 С.

Временската прогноза ја подготви: Денис Муховиќ


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Џенифер Анистон ја отворила вратата од својот дом во Бел Ер: Прозорци од подот до таван и многу растенија

Џенифер Анистон ретко пружала поглед на својот дом… Џенифер Анистон на следбениците на Инстаграм им …