Продолжува периодот на студено време со умерен до засилен северен ветер. До среда утринските температури ќе бидат многу ниски и на многу места ќе се спуштат до околу -10 степени, а дневните од средината на неделата ќе бидат во пораст. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица, најавуваат од УХМР…
Денес (понеделник) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, многу студено и ветровито. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минимална температура: -15°C до -4°C. Максимална температура: -2°C до -5°C.
За утре (вторник) се најавува сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минимална температура: -16°C до -6°C. Максимална температура: 1°C до 4°C.
Во среда се очекува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Минимална температура: -13°C до -4°C. Максимална температура: -1°C до 7°C.
За четврток се најавува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минимална температура: -10°C до -2°C. Максимална температура: 1°C до 8°C.
Петок ќе ни донесе променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот во југозападните планински подрачја ќе има услови за провејување на снег. Минимална температура: -9°C до -1°C. Максимална температура: 4°C до 10°C.