10 години Global Game Jam Македонијаа (26-30 јануари 2022)

Имаме чест да Ви се пофалиме за големиот мајлстоун за Македонската асоцијација за развивање на игри МАГДА. Оваа година го продуцираме 10тиот Global Game Jam Македонија. Овој пат #ggjm22 трае од 26ти до 30ти јануари 2022 година.
За 10 години на Global Game Jam Македонија се сретнаа повеќе од 2200 професионални развивачи на игри и ентузијасти на кои им дадоа ветар во плеќи. Се направија 255 игри, а влеговме во првите 5 земји според изработени игри по глава на жител. Бевме меѓу првите 10 земји според број на учесници и сеуште сме една од најактивните и најбројните.

This image has an empty alt attribute; its file name is 5to-mesto.png


Учеството е бесплатно, а распоредот на случувања за менторските сесии, презентациите од луѓето во индустријаа и сите други информации може да се добијат на фан страната на МАГДА – https://www.facebook.com/MAGDA.Macedonia. Тука исто така ќе бидат стримани и отворањето и затворањето на настанот.
Најважниот адут и бенефит од Гејм Џемови е колаборацијата, дружењето, запознавање на луѓе и истражувањето.
#ggjm е можеби единствениот момент кога сите оние кои развиваат или сакаат да развиваат игри немаат притисок од некој над нив, веќе започнат проект или нешто кое МОРААТ да го направат. На #ggjm се експериментира, испробува, креира. Затоа секој професионалец кој работи во индустријата за креирање и развивање на игри го препорачува гејм-џемањето како задолжителна лектира.
Целата game-dev заедница е возбудена секогаш кога се ближи #ggjm. Секогаш отворена да помогне на секаков начин ова да се случи. Оваа година наши пријатели кои впрочем се од почетокот и не не прескокнаа ниту една година се HASELT, Netcetera, A1 Македонија, SEDC, KAMAi MEDIA, Indium Play, GG.MK, IT.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

20 ГОДИНИ НЕОТЕЛ: Прослава на две децении пионерство во телекомуникациите

Вчера во Музејот на современа уметност во Скопје, НЕОТЕЛ ја прослави својата 20-годишнина заедно со …