ЖИВИ РАНИ ОД ИЗГОРЕНИЦИ ОД ТРЕТ СТЕПЕН – СОПРУГ ЈА ЗАПАЛИЛ БРЕМЕНАТА СОПРУГА (21): Била во 5-ти месец, телото и изгорело! Ова е причината за МОНСТРУОЗНИОТ ЧИН!

Трагичната приказна го потресе светот, девојка на само 21. година се борела за живот и била во живи рани од изгореници од трет степен откако сопругот ја запалил бидејќи одбила да абортира…

This image has an empty alt attribute; its file name is izgorena-trudnica-1-746x1024.jpg


Либанката Хана Мохамед Кодор (21), во петтиот месец од бременоста, итно била пренесена во болница во Триполи во критична состојба откако нејзиниот сопруг, идентификуван како А.А., ја запалил со плински канистер. Докторот прво рекол дека морале да ја оперираат за да го отсранат фетусот откако умрел, а шансите за преживување на мајката биле „многу мали“.
Ужасниот напад, наводно, започнал со тоа што А.А силно ја претепал својата млада бремена сопруга кога таа му рекла дека сака да го задржи нивното бебе, кое требало да се роди во декември. Расправијата произлегла од финансискиот товар што детето би го ставило на семејството, а парот наводно потекнувал од сиромашна област на северот на земјата.

This image has an empty alt attribute; its file name is izgorena-tyrudnica-2-616x1024.jpg


Лекар од болницата Ал-Салам за Arab News изјавил дека Хана била примена на 6. август „со 100 проценти изгореници“.
– Додека зборуваме, таа се бори за живот. Таа е меѓу животот и смртта на одделението за интензивна нега. Хана била бремена во петтиот месец кога се случил инцидентот. Бебето почина и моравме да оперираме за да го извадиме плодот. Нејзините шанси да преживее се многу мали – изјавил докторот.
Било пријавено дека има изгореници од трет степен по целото тело и едвај ја одржуваат на апарати за одржување во живот.

Либанските внатрешни безбедносни сили го уапсиле сопругот кој планирал да побегне од земјата.Тетката за локална телевизија изјавила дека сопругот се обидел насилно да ја претепа Ходора за да ја натера да абортира, но кога не можел да ја убеди, ја однел дома и ја запалил.
Хана Мохамед Кодор (21) не можела да ги преживее фаталните повреди во северен Либан. Таа била 11 дена во болница.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …