ЗАВРШЕН НАСТАН НА КАМПАЊАТА “НАШИТЕ МИЛЕНИЦИ СЕ НАШЕ СЕМЕЈСТВО, НЕ ГИ НАПУШТАЈТЕ!”

ЈП ЛАЈКА и ЗОО – Скопје со поддршка на Град Скопје ве покануваат на завршниот настан за кампањата “Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!” во недела 05.06.2021 од 19:00 – 22:00 часот која овие две институции успешно ја спроведуваа преку различни активности изминатите неколку месеци.

Програма на настанот:


19:00 – Отворање на настанот – Весна Петрушевска.

19:15 – 20:30 – Базар од хуманитарен карактер за кучињата згрижени во прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА и едукативна панел дискусија.


20:00 – Обраќање на режисерот на филмот „СТЕЛА”, Стојан Вујичиќ, кој ќе ја отвори кино проекцијата заедно со кучето Стела, шарпланинката која е главен лик во истоимениот македонски филм.

This image has an empty alt attribute; its file name is ОТВОРЕНО-КИНО-ЈП-ЛАЈКА-И-ЗОО-СКОПЈЕ.jpg


20:30 – 22:00 – ЛЕТНО КИНО ПОД ОТВОРЕНО НЕБО
Кино проекција на македонскиот филм “СТЕЛА” (2020 година)
Главни улоги: Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и Христина Поповиќ.
Локација: Школка

22:00 – Презентација на видео со македонски познати ѕвезди за кампањата “МИЛЕНИЦИТЕ СЕ НАШЕ СЕМЕЈСТВО, НЕ ГИ НАПУШТАЈТЕ!”

*** За отвореното кино посетителите ќе можат да уживаат во филмот “СТЕЛА” заедно со своите миленици.Посетителите е потребно да си донесат престилки или ќебенца за седење. Воедно сакаме да ги информираме граѓаните дека зелената површина која ќе биде наменета за седење и следење на филмот, ќе биде третирана против болви и крлежи, па посетителите безгрижно ќе можат да уживаат со своите миленици.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 18.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Првиот ден од викендот им доаѓа очекувано за повеќето родени во знакот Овен, …