Запознајте ги Стела и Сани – новите најдобри другарчиња на децата

Издавачкиот центар ТРИ, преку својот подбренд Паблишер, а во соработка со „Вертиго Висуал“, го лансира својот најнов проект – прв целосно авторски бренд кој нуди забава и едукативна содржина за деца од 1 до 10 години според највисоките светски стандарди.

„Стела и Сани“ се новите неодоливи ликови кои ќе бидат верни пријателчиња на секое дете. Низ комбинација од едукативни и музички видеа, сликовници, книги и интерактивни игри, тие ќе ги подучуваат и забавуваат децата низ многу фази од нивното растење и ќе ги поведат на многу заеднички авантури.


Проектот се состои одоригинални анимирани видеа работени во висококвалитетна 3D технологија, кои ќе бидат објавени на македонски и албански јазик, а ќе бидат надополнети со авторска музика за деца, создадена наменски за секое видео. Реализацијата во 3D технологија со анимираните ликови Стела и Сани е нешто што досега не е направено во нашата држава, а квалитетот што го носат е на нивото на најпознатите европски и светски продукциски куќи.


Она што нѐ прави особено горди е што во самиот проект е предвидено издавање на три посебни едиции на книги за деца на кои работат домашни реномирани автори, илустратори и креативци, со цел да се направат врвни изданија што одговараат на светските стандарди. За таа цел, ТРИ во проектот ги вклучи нашите најпознати писателски имиња како Винка Саздова, Венко Андоновски, Јагода Михајловска-Георгиева. Една од главните цели на проектот е да се зачува и афирмира јазикот, како македонскиот така и албанскиот, и да понуди свежа и оригинална детска содржина која обработува теми и специфики од нашето поднебје.
Проектот вклучува и изданија наменети за различните категории литература за деца – први читанки, сказни, детска белетристика. Официјално ја промовираме и првата книга од проектот, сликовницата „Во овој балон нема место за еден слон“. Оваа шарена приказна со неочекуван крај,  од денесможе да се најде во нашите книжарници и во продажната мрежа на ТРИ.

Со овој проект сакаме да го пополниме големиот недостиг на оригинална и квалитетна македонска видео и аудиосодржина за деца, како и на литература за деца, и да им овозможиме на децата уште од најрана возраст пристап до едукативни видеа и содржини со кои ќе се забавуваат и едуцираат. Со тоа промовираме вредности преку игра, учење на азбуката од почеток до крај и создавање поучна содржина што ќе биде интересна за децата од различни возрасти. Вредност која ќе трае и ќе се пренесува низ генерациите.


Нека биде ова создавање на еден нов свет за анимација и едукација за сите наши деца!

Очекувајте забавно и едукативно патување со ликовите на Стела и Сани!

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …