Започнуваат концертните денови на „Струмица Опен Фестивал“

12 години по ред „Струмица Опен Фестивал“ ја раскажува својата приказна, водени од потребата да ги зачуваат и негуваат македонските музички и културни вредност, промовирајќи ги најдобрите локални и национални артисти.


Во 17 дена, на преку 20 настани, публиката ќе има можност уште еднаш да се забавува, дружи, спортува и ужива во богатата културно-забавна и спортско-рекреативна програма која ви ја нуди еден од најголемите фестивали во земјава.


Овогодинешниот фестивал започна на 6 јуни и ќе трае се до 13 август. Вечерва започнува концертниот дел од фестивалот. Програмата започнува во 20:30 часот во градскиот Парк со завршниот концерт на летната школа за гитара „Македонски Евергрини“, а од 22:00 часот присутните ќе можат да го видат и слушнат скопскиот состав „Funk Shui“.

И во наредните денови не очекува богата фестивалска програма на која ќе настапат: Александра Јанева и Пријателите, Bras Brothers, Камерен Оркестар на Битола со вокалите Тамара и Наде Талевска, Тајзи, Иван Кукиќ и Aleksandra Groove and Soothe Band.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на театарската претстава No Exit

Вечерва со почеток во 20:00 часот, во Домот на култура ,,Димитар Влахов” во Автокоманда, премиерно …