За викендот во Македонија доаѓа студен бран: Температурите ќе паднат за повеќе од 10. степени

Од петок попладне и навечер започнува промена на временската состојба кај нас и тоа поради циклонска активност и спуштање на значително студен воздух од север па така веќе во петок навечер во северните и во северозападните предели ќе има услови за локални врнежи од дожд а ќе дува и слаб до умерен ветер од југозападен правец кој на некои места особено во Пелагонија ќе се засилува по интензитет.

Позначителна промена на времето ќе има во ноќта кон сабота кога ќе започне да дува засилен ветер од северен правец со што температурите на воздухот ќе опаднат дури и за повеќе од 10.ттина степени и ќе има врнежи од дожд во најголем дел од државава и на повеќе места истите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на некои места ќе наврнат околу па и над 20 л/м2 воден талог.


Поради спуштањето на студениот воздух на повисоките планински предели (над 1.800 метри) врнежите од дожд ќе поминуваат во врнежи од снег со што ќе дојде до формирање на снежна покривка.
Разликата на температурите ќе биде голема па така во петок максимумот на истите ќе се искачат во интервалот од 21. до 27. степени додека веќе во сабота истите ќе се искачат само од 9. до 17. степени, пишува meteomax.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 12-ти до 14-ти декември по 9-ти пат ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „ Winter Apricots“

Во Прилеп, од 12-ти до 14-ти декември ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“. …