(ФОТО) Попуштиле „кочниците“ во јавност: Принцот Хари постојано ја бакнува Меган

Додека нивните семејства чекаат официјално објавување на свршувачката, Хари се опуштил во ВИП ложата и почнал да ја бакнува холивудската глумица. Пријатели на принцот изјавиле дека е вљубен „преку уши“…
Принцот Хари (33) во друштво на девојката Меган Маркле (36) и нејзината мајка Дорија и пријателите го следел зтворањето на спортските игри „Invictus“ во Торонто.
Додека нивните семејства чекаат официјално објавување на свршувачката, Хари се опуштил во ВИП ложата и почнал да ја бакнува холивудската глумица.
„Во Меган е вљубен преку уши. Горд е на нејзината кариера“ вели извор близок на кралското семејство.
Инаку, тие се во врска нешто повеќе од една година. Маркле во 2013. година се разделила од продуцентот Тревор Енгелсон, после две години брак.
„Тајно излегувавме половина година, а потоа се’ експлодира. Ова е наше време, една голема љубовна приказна. На крајот на денот ние сме само двајца млади луѓе кои се сакаат“ рекла Меган.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 12-ти до 14-ти декември по 9-ти пат ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „ Winter Apricots“

Во Прилеп, од 12-ти до 14-ти декември ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“. …