(ФОТО) Први фотографии: Од оваа соба убил 59. лица

Фотографиите ги објавил Fox22Boston, а може да се види арсенал од оружје со кое рсполагал. Полицијата во понеделникот објавила дека напаѓачот со себе имал 10 пушки…
Се појавиле фотографии од хотелската соба од каде напаѓачот Стивен Педок (64) во неделата во Лас Вегас пукал и убил 59. луѓе и стотина ранил. Педок се наоѓал на 32. спрат во соба во хотелот „Манделеј“ од каде што имал поглед на фестивалот на кантри музика, Route 91.


Фотографиите ги објавил Fox22Boston, а може да се види арсенал од оружје со кое располагал. Полицијата во понеделникот објавила дека напаѓачот со себе имал 10 пушки.

На една од фотографиите се гледа чекан со кој, се верува, Педок го скршил прозорецот.
Неделното крвопролевање во Лас Вегас бил најсмртоносен вооружен напад во новата историја на Соединетите држави. Не е објаснето со кои мотиви Педок се водел во својот поход. Бил добростоечки граѓанин, сопственик на голем имот и вљубеник во коцкањето.
Неговиот брат Ерик не можел да верува кога слушнал што направил неговиот брат.Нивниот татко, Бенџамин Хоскинс Педок бил окорел криминалец, опасен ограбувач на банки кој помеѓу 1969. и 1977. годин бил на листата на ФБИ за 10. најбарани луѓе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …