„Втор меѓународен форум на креативни индустрии и улогата на женското претприемништво во креативната економија“
Место: Кино „Синеплекс“ (сала 1), Сити мол,Скопје
Датум:четврток (03.11.2022) и петок (04.11.2022), со почеток од 10 часот
Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје денес и утре (3 и 4 ноември) од 10 часот во киното „Синеплекс“ го организира Меѓународниот форум за креативни индустрии и улогата на женското претприемништво во креативната економија.
Станува збор за интерактивен настан кој на едно место ќе собере претставници од креативните индустрии, претприемачи, иноватори, стопански комори, министерства, институции и други креатори на политики, како и претставници од граѓанското општество и меѓународните организации да разговараат за бизнисот, можностите, развојот на меѓународни проекти, финансирањето итн.
Форумот се организира со цел поттикнување дискусии за креативните индустрии, креативното и културното претприемништво, жените претприемачи во креативните и културните индустрии и иновациите за да се забрзана предокот во овие индустрии, а со самото тоа да се допринесе кон побрз економски раст и развој на државата воопшто.
Форумот претставува настан во два дена на кои ќе се промовираат креативните индустрии, концептот на креативно културно претприемништво кај жените, искуства и практики од земјите во регионот како Албанија, Србија, Бугарија и Хрватска и релевантни експерти кои имаат искуство и продлабочени знаења на темата, како и успешни домашни креативни претприемачи. Во рамките на форумот ќе се одржи и панел дискусија на тема „Претприемништво во креативните индустрии: влијание врз економијата“, како и работилница менторирана од експерти од партнерската организација КЕА од Брисел.
Настанот е поддржан од Министерството за култура и се реализира во соработка со киното „Синеплекс“, КЕА, Асоцијацијата на креативни индустрии АКИ, Синесквер, Ливинг роомс и Дуки Дасо .
ПРОГРАМА
Ден 1 – 3.11.2022
Регистрација на учесници
10:00 – 10:20 Поздравни говори
10:20–11:20Презентации на учесниците
- Есмералда Хасани, виш консултант во Кабинетот на албанскиот премиер во областа на планирање проекти и финансирање
- Анета Антова Пешева, претседателка на МАСИТ
- Ивана Николиќ Поповиќ, уметнички директор на IMAGINE
- Мартин Каф, советник за креативни индустрии и туризам на српската премиеркаи стратег за „Србија создава“
- Димитар Смилјановски, Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП)
- Влора Адеми, потпретседателка на Стопанската комора на Северозападна Македонија
11:20 – 11:40 Успешни практики и примери на креативно женско претприемништво
- Јасмина Цанева Лазовска, извршен директор на VM3D – Тренинг центар за 3D моден дизајн
11:40 – 12:00 Кафе пауза
12:00 – 13:00 Панел дискусија „Претприемништво во креативните индустрии: влијание врз економијата“
13:00 – 13:30 Заклучоци и средби
13:30 – 14:00 Коктел за учесниците
*18:30 – 20:30 Проекција на филм
Ден 2 – 4.11.2022
10:00 – 10:15 Воведен говор
10:15 – 10:35 Официјална презентација на новоформираната Асоцијација на креативните индустрии (АКИ) при Стопанската комора на Северна Македонија
- Елена Бојаџиева Цветковска, претседател на АКИ
- Калина Миљовска, експерт, Стопанска комора на Северна Македонија
10:35 – 11:35 Презентации на учесниците
- Валентина Дисоска,претседателка на Националната платформа за женско претприемништво
- Геновева Христова-Мари, ко-сопственичка и директорка на Лигна Груп, претседателка на Бугарскиот кластер за мебел
- Елизабета Јовановска, основачка на Best Online Assistant
11:35 – 11:50 Завршни зборови
11:50 – 12:50 Вмрежување
*13:00 – 14:00 Работилница: Креативните индустрии и потенцијалот на женското претприемништво – можност за развој на бизнис идеја (онлајн)