Врнежи и ветер во текот на првиот петок во февруари

Вториот февруарски ден ќе биде релативно врнежлив ден. Позначителна облачна маса уште во раните утрински часови ќе се приближува кон земјава од запад. Рано наутро врнежите ќе започнат во западниот регион, а претпладне ќе се прошируваат кон исток. Повремен дожд ќе има и во југоисточниот крај рано попладне.
Навечер врнежите ќе бидат сосема локални, и тоа во крајниот западен и крајниот, планински дел од западот.
Најмали услови за дожд во текот на денот ќе има во североисточниот регион.
Снег ќе има само на планинските врвови над 2200 метри.
Ќе дува умерен, а околу пладне долж повардарието и овчеполието околу пладне и засилен југоисточен ветер.
Утрото ќе биде потопло во однос на претходните. Минималната температура воглавно ќе има вредност помеѓу 2°С и 4°С низ котлините, а на повисоките места околу 1°С. Потопло утро ќе имаме во југоисточниот крај, со минимална температура околу 5°С.
Денот ќе биде прилично топол, пред се заради јужното струење кое ќе адвектира топол воздух кон нашите краишта.
Максималната вредност на температрата ќе биде помеѓу 10°С и 12°С во котлините од северниот и западниот регион. Слична температура се очекува и на повисоките населени места до висина околу 1000 метри. Најтопло ќе биде во југоисточниот крај, со максимална температура околу 14°С.
Скопската котлина очекува претежно облачно време со услови за повремен дожд околу пладне. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Температурата ќе има минимална вредност околу 2°С, а максимална вредност околу 12°С, најавуваат од meteopro.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва започнува XXIV издание на „Неделата на италијанскиот филм“ во Кинотека на Македонија

Од 13 до 18 мај во Кинотека на Македонија во Скопје ќе се одржи XXIV …