Временска прогноза за наредните 5. дена: До кога ќе бидеме под снежна покривка?

УХМР ја подготви прогнозата за наредните пет дена а се чини дека нема да има драстични промени во однос на снежниот викенд…
Денес ќе биде облачно и, уште од ноќта, со врнежи од снег на планините и на повисоките места. Преку денот на југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер во Повардарието. Дневните температури ќе се движат од 0 до 9 степени.
За утре (вторник) се најавува променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места ќе има провејување на слаб снег, на југоистокот со појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието.Дневните температури ќе се движат од -1 до 7 степени.
За среда исто така се најавува променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места и особено во планинските региони ќе провејува слаб снег, на југоистокот ќе има слаб повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.


Минимална температура: -7°C до -1°C, Максимална температура: 3°C до 12°C.
Во четврток ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието и во источните делови.
Минимална температура: -6°C до 0°C, Максимална температура: 5°C до 13°C.
Во петок наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минимална температура: -6°C до 0°C, Максимална температура: 5°C до 13°C.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …