(ВИДЕО+ФОТО) Пикник на минус: Ручекот на Путин во Сибир

Рускиот претседател Владимир Путин објави видео и фотографии од неговиот пикник во студениот Сибир, каде што шета во снегот во дводелен костум од овча кожа, вози теренско возило и руча на отворено со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Путин Владимир Владимирович (@putinofficial.ru)


На видеото и фотографиите се гледа како Путин шета во снегот во планинскиот регион Тува, во Сибир, во дводелен костум од овча кожа и вози теренско возило.
На претседателот на Русија му се придружил и министерот Шојгу, кој е роден во овој дел на Сибир, и заедно одат на излет во дивината.


Двајцата седат на клупи покриени со животинска кожа додека на масата ги чека закуска – сланина, салата, но и чаши за вотка.

Ова не е прв пат Путин да се појавува на фотографии, но исто така и на видеа, во кои тој е претставен како силен, здрав и издржлив лидер, способен да ја води земјата уште многу години.
Досега јавноста имаше можност да го види како јава коњ без кошула, како плива во ледена вода на Богојавление, како игра хокеј, како лета со жерави…

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …