Најголемо американско истражување за вакцината Астра Зенека

Вакцината против ковид 19 АстраЗенека/Оксфорд е 79 проценти ефикасна во спречување на болеста, покажува големото истражување спроведено во САД, Чиле и Перу. Ваквите резултати го отвораат патот за одобрување на оваа вакцина во САД.
Вакцината била 100 процентна ефективна против тежок облик на болеста и хоспитализацијата, објави производителот во понеделникот, објавувајќи ги резултатите од студијата за тестови врз луѓе во доцна фаза, во која учествувале повеќе од 32.000 волонтери во сите возрасни групи.
Производителот на вакцини се надева дека овие нови податоци ќе ја вратат довербата во вакцината, откако резултатите од претходните студии покренаа разни прашања во врска со веродостојноста на податоците, пишува „Гардијан“. Исто така, ќе ги увери државите во безбедноста на вакцината АстраЗенека, откако вакцинацијата е прекината во голем број земји на ЕУ од страв од згрутчување на крвта.


Компанијата соопштила дека независниот комитет за безбедност спровел специфичен преглед на тромбови, како и тромбоза на церебрален венски синус (CVST), што е исклучително редок тромб во мозокот, со помош на независен невролог.
Панелот открил „дека нема зголемен ризик од тромбоза или последици од тромбоза кај 21.583 учесници кои примиле барем една доза од вакцината. Специфичната анализа на синусните тромбози не нашла ниту една во оваа студија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …