(Вознемирувачко видео) Дете паднало од 12. спрат на зграда, почнало да лета кон земјата, а потоа се случило чудо!

Двегодишно девојче од Виетнам викендов преживеа пад од 12-ти кат, благодарение на храбриот доставувач кој скокна на покривот од градината на еден бар за да го спаси детето.
Драматична сцена се случила во градот Ханој, а соседите го виделе детето како се држи за оградата на терасата, и врескале, повикувајќи на помош. Една жена ја снимила сцената од која крвта замрзнува во вените.
Додека жената панично го снимала детето и повикувала на помош, погледот кон небото го крена Гујен Гок Ман, доставувач, кој носел пакети низ градот. Синоќа тој бил на вистинското место во вистинското време и успеал да го фати детето кое во еден момент ја испуштило оградата и започнало да лета кон земјата.


„Седев во автомобилот и чекав за испорака кога слушнав врисоци“, рекол Ман за „Виетнам тајмс“.
Потоа погледнал од прозорецот на автомобилот и отишол да види од каде доаѓаат врисоците. Потоа го видел детето како се држи до оградата на терасата, но однадвор.
„Скокнав од возилото и гледав како да се искачам на таа настрешница пред еден бар, што е веднаш под терасата. Некако, се искачив на тој покрив, висок два и пол метри, и гледав како да го фатам детето“, сведочел овој храбар човек.


Иако се обидел да го фати девојчето со рацете, таа некако завршила во неговиот скут.
„Ги кренав рацете да ја фатам, да го ублажам падот. Но, некако таа падна право во мојот скут“, рекол јунакот.
Ако безбедносните камери на локалот не го забележале тој момент, малкумина ќе поверуваа дека ова навистина се случило …
Ман вели дека сè уште не е свесен како толку лесно се искачил на покривот… Тој вели дека сè уште не му е јасно како го спасил детето.
За жал, тоа не беше крајот на хоророт. Кога детето паднало во неговиот скут, видел дека малото девојче крвари. Веднаш ја внел во автомобилот и ја однел во болница.
Според медиумите, детето се здобило со скршеница на ногата и раката, но се наоѓа во стабилна состојба.
Херојот се здобил со мали повреди, го дислоцирал зглобот.
Луѓето што го гледале овој драматичен настан велат дека Ман е херој и целата земја го слави. За помалку од 24. часа, илјадници луѓе му испратиле барање за пријателство на Фејсбук.
Иако го нарекуваат херој, Ман вели дека го сторил она што би го направил секој нормален човек.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …