(ФОТО) ЧУДЕСНА ПРИКАЗНА – Се запознале случајно, станале најдобри пријателки и дури после 8. години дознале дека се сестри

Џулија Тинети и Касандра Медисон се запознале во 2013. година, на работа, наскоро станале пријателки а многу луѓе ја коментирале нивната сличност и исто потекло…
31-годишната Џулија Тинети и 32-годишната Касандра Медисон се запознале во 2013. година додека работеле во барот „Руска лејди“ во Њу Хејвен, Конектикат.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Cassandra Raquel (@iamcassandraraquel)


„Џулија го забележа доминиканското знаме на мојата рака и коментираше дека е посвоена од таму. Веднаш и реков дека и јас сум од таму посвоена. Наскоро станавме пријателки, започнавме да носиме слична облека и дури им кажавме на сите дека сме сестри“, рекла Касандра, пишува The Sun.
https://www.thesun.co.uk/fabulous/14177614/best-friend-discover-biological-sisters-dna-test/


На тој начин тие се зближиле и станале најдобри пријателки, но со години не сфатиле дека се навистина сестри. Многумина коментирале дека тие навистина биле многу слични и во еден момент тие самите почнале да се прашуваат дали навистина се. Но, нивните документи за посвојување воопшто не се совпаѓаѓале. Местото на раѓање, презиме, па дури и името на мајката биле различни.

Но, Касандра дознала дека навистина имала сестра кога го посетила своето биолошко семејство во Доминиканската Република. Тогаш девојките решиле да направат ДНК тест.

„Имаме различни презимиња во документите, дури и градовите во кои сме родени, но родителите потврдија дека некои од децата се посвоени“, рекла Џулија.

Нивните родители заедно имале девет деца – три момчиња и шест девојчиња, но тие беа принудени да се откажат од Касандра и Џулија затоа што не можеле да си дозволат да издржуваат големо семејство.
По тестирањето, нивните сомневања биле потврдени и девојчињата дознале дека навистина се сестри.
„Ние сме сестри! Иста мајка, ист татко!Двете девојки кои работат заедно се всушност сестри! Те сакам близначке!“, напишала Касандра.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МЕСЕЦ МАЈ ЌЕ ГО ПОМИНЕМЕ СО ПОЛАДНО ВРЕМЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО – За летни температури ќе си почекаме

Метео прогноза на Славчи Попоски: Судејќи според моменталните прогоностични материјали со кој ние располагаме, укажуваат …