Во тешка состојба: На победникот на „Песна на Евровизија“ нагло му се влошила здравствената состојба

Неговата среќа не траела долго. Победникот на годинешното натпреварување за „Песна на Евровизија“ се бори со голем здравствен проблем. Неговата состојба во последно време се влошила.
Салвадор Собрал се повлекол од сцената и ги откажал сите настапи, а неодамна бил примен во болница бидејќи мора да оди на трансплантација на срце. Португалските медиуми пренеле и дека му е загрозен животот.
За неговите проблеми со срцето се пишувало уште во мај после што настапил и на Евровизија во Киев. Последниот настап го одржал на 8. септември па се повлекол од сцената.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …