Кеш Ворен и Џесика Алба го очекуваат третото дете, а парот е повљубен од било кога
Освен трудничкиот сјај, има нешто во неа на што нејзиниот сопруг не може да одолее, па и во медиумите неодамна ја нарекол „секси мама“.
„Често останувам импресиониран со нејзината појава. Наутро кога ќе се разбудам опсипан сум со нејзината убавина.Едноставно е, неверојатна“ изјавил неодамна нејзиниот долгогодишен партнер.
Двојката наскоро ќе прослави 10. годишнина од бракот, во кој ги добиле Хонор (9) и Хевен (6), на прашањето што чекат сега, само се насмеале, бидејќи не знаат.А, можеби нема да знаат до самиот крај. Може да биде изненадување. Што и да биде, нека биде. На сите им е сеедно.
„Не патам од тоа да биде син. Имаме пријатели кои имаат три деца со исти пол и некако замисливаме дека и ние така ќе завршиме. Кој знае?Но, сигурно е дека не бебето сите му се радуваат. Девојчињата се веќе доволно големи да можат да учествуваат па нема да бидат љубоморни. Впрочем, тие ги имаа своите години за мазење, а сега ионака си бараат, малку повеќе, свој простор“ споменал Кеш Ворен, засега единствен маж во семејството на симпатичната глумица.
Бебето, очигледно, пристигнува во вистински момент.
Навистина, 9,6,0 не звучи како лоша комбинација