Во издание на „МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА“ – ОБЈАВЕНА ДЕБИТАНТСКАТА СТИХОЗБИРКА „ЛИРИЧНОСТ ОД ШЕКСПИРОВА“ ОД ЃОРЕ ЃЕЛЕВ

„Македоника литера“ неодамна ја објави дебитантската поетска книга на Ѓоре Ѓелев со наслов – „Лиричност од Шекспирова“. Книгата содржи над четириесет песни. Поезијата е лирска, емотивна, искрена, има песни што потсетуваат на најдобрата традиција во македонската лирика, но и песни со свеж, смел и младешки израз и сензибилитет и авторска автентичност.


Ѓоре Ѓелев е роден во Велес. Тој е дипломиран инженер по системски софтвер и е вработен во индустријата за развој на софтвер. Живее во Скопје.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …