Во четврток Филхармонија со концерт „И тело и душа“ со Дино Имери како солист

Оркестарот на филхармонија в четврток ќе одржи концерт насловен „И тело и душа“ на кој како солист ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери. Со оркестарот ќе диригира Јерухам Шаровски од Израел, а на програмата се дела од Бетовен – Концертот за пијано и оркестар бр.5 во Ес-дур и Симфонијата бр.7 во А-дур, оп.92.

Концертот за пијано и оркестар бр. 5 во Ес-дур од Лудвиг ван Бетовен е еден од најсовршените и најчесто изведувани дела на светската музичката сцена. Создаден е во периодот меѓу 1809 и 1811 година во Виена, и претставува соврешен премин од класицизам во романтизам, сублимирајќи ги придобивките од двете музички епохи.


Оркестарот во ова дело не е само симфониска, туку совршена придружба на пијаното. Во него Бетовен создава етерични ефекти кои презентираат поинаква категорија од стандардната оркестарација типична за времето во кое бил создаден овој концерт. Соло пијаното ја следи и развива техниката на инструментот со чувство на слобода и брилијантност.


Симфонијата број 7 во А-дур оп. 92 од Л.В.Бетовен премиерно била изведена во виена на 8 декември 1813 година. Ова симфиниско дело на Бетовен, создадено во ист период како и Концертот за пијано и оркестар број 5 го рефлектира музичкиот оптимизам на композиторот, иако е создадено во период кога имал големи проблеми со слушањето. Самиот композитор сметал дека оваа е неговата најсовршена симфонија, а критиката ја оценува како едно од мелодиски најбогатите симфониски дела во неговиот опус. Симфонијата претставува апотеоза на танцот, или како што рекол Вагнер „ако некој ја слуша седмата симфонија, без разлика што е – клупа, чаша, баба, бебе во лулка, ќе почне да игра“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …