Историска вест: Вакцина против корона ефикасна 90%

Анализата на вакцината на компанијата „Фајзер“ ги надминала очекувањата на повеќето експерти.
Вакцината е се поблизу до масовна употреба, а првите резултати од истражувањето покажуваат дека она зад што стои зад компанијата „фајзер Бионтек“ е ефикасна 90. проценти. Ова го тврдат производителите, чија анализа покажува многу подобри ефекти отколку што се надевале експертите, пренесува Гардијан.
Големиот процент на оние што вакцината успеала да ги заштити ги прави овие заклучоци доволно убедливи. Регулаторните тела досега соопштија дека ќе биде одобрена вакцина која е ефикасна само 50. проценти. Компанијата што ја произведува оваа вакцина објави дека нема сериозни несакани ефекти.
„Денес е одличен ден за науката и човештвото. Првиот сет на резултати од нашето испитување со вакцината за ковид-19 во фаза дава првични докази за способноста на нашата вакцина да го спречи ковид 19“, рекол д-р Алберт Бурла, претседател и извршен директор на „Фајзер“.
Во фаза три од тестирањето на оваа вакцина, учествувале 43.000 луѓе.
Собирањето на неопходните податоци за вакцината, што се однесува на тоа колку е безбедна, ќе се соберат до третата недела од ноември, рекле во компанијата „Фајзер“. После тоа, комплетната датотека ќе биде доставена до регулаторното тело што одобрува. Навременото издавање на дозвола би значело дека првите дози ќе бидат дадени на медицинскиот персонал до крајот на годината.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …