Сирота Меланија Трамп. Не е доволно што таа веќе нема да може да ја украсува Белата куќа по нејзин вкус, а злобните луѓе на Интернет го предвидуваат нејзиниот развод и го претворија во хит мимови.
„Американскиот народ заслужува фер избори. Треба да се преброи секој легитимен глас, а не незаконски. Ние мора да ја заштитиме нашата демократија со целосна транспарентност“, напиша таа на Твитер откако беше објавено дека нејзиниот сопруг Доналд Трамп ги загубил изборите.
Сè уште не се преброени сите гласови, а гласините за неа веќе почнаа да се шират низ мрежите.
Луѓето се прилично креативни, но и морбидни.
Се’ се сведува на гласините дека Меланија многу брзо ќе се разведе од Доналд Трамп.
А многумина мислат дека ќе се олесни бидејќи нема да мора да ја украсува Белата куќа за Божиќ.
И реалноите шоуа ги тријат рацете
„Меланија ја брои секоја минута до неговото заминување од Белата куќа за да поднесе барање за развод. Ако го оставеше и го понижуваше за време на неговиот мандат, тој ќе најдеше начин да ја казни“, изјавила поранешната соработничка на Меланија Трамп, Омароса Маниго Њума, пренесува „Мирор“.
Друга поранешна асистентка на Меланија – Стефани