Во 33. година починал член на групата „Милиграм“

Лима Слободан Васиќ, басист на групата „Милиграм“ починал во 33. година на живот. Музичарот починал после куса и тешка борба со болест, а веста за негово „заминување“ е споделена на службените страници на „Милиграм“ на социјалните мрежи.


Pocivaj u miru Lima


Gepostet von MILIGRAM am Sonntag, 17. März 2019

„Денес после куса и тешка болест почина басистот на ’Милиграм’, Лима Слободан Васиќ. Во секоја секунда од неговиот живот носеше насмевка, неверојатна енергија која ја делеше несебично околу себе правејќи го животот поубав на сите во близина. Почивај во мир брате, во нашите срца ќе свириш додека знаеме за себе. Засекогаш твој, Милиграм“, стои во објавата покрај видеото кое ги допрело обожавателите на оваа група.
„Милиграм’ на сцената е активен од 2004. година а некои од нивните најпопуларни песни се ‘Vrati mi se nesrećo’, ‘Ludi petak’, Kruška’ и ‘Sviraj brate’.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вело Родео денес во Градскиот Парк во Скопје

Денес со почеток во 10:00 часот во Градскиот парк – Школка во Скопје, ќе се …