ВИСТИНСКА ЗИМА според Попоски: Поларниот бран на Балканот пристигнува за време на овој викенд – Ќе донесе длабок минус и снег!

Поларниот бран кој го најавуваме подолго време на Балканскиот Полуостров доаѓа овој викенд, односно од 7.01.2024, за Божиќ и ќе донесе снег на повеќе места, особено во Босна и Херцеговина, но и во соседна Србија. На планинските места се очекува позначителна, а во градовите помала снежна покривка, имформира Попоски.

Температурите од недела, како и во првите денови од следната седмица во земјите од регионот ќе се спуштат длабоко под нулата. Понекаде и околу, па и под -15 степени (дури е можно на некои места, особено на повисоките и на планинските места тие да се спуштат и до околу -20 степени).


Овој студен бран секако дека ќе ја зафати и Македонија веќе од понеделник, но барем одсега гледано некој поинтензивни снежни врнежи кај нас не се очекуваат. Инаку за време на овој викенд, за Божиќ кај нас ќе има врнежливо време, но врнежите ќе бидат претежно од дожд. Снег ќе врне само на поголема надморска височина (повисоките планини).

Сепак ова е само почеток на она што ни следува од средината на овој, и другата половина на овој месец. Тоа е продор на уште постуден воздух од од овој сега што доаѓа и уште повеќе снег на Балканот, овој пат и во Македонија. Состојбата будно ќе ја следиме, и на секое ажурирање на нумеричките модели секако дека ќе објавуваме најнови детали околу временските услови кој не очекуваат.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 19.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Организирајте убаво дружење, дружете се со пријателите, опуштете се и пред се одморете. …