(ВИДО+ФОТО) БЕРЕЛЕ ПЕЧУРКИ И СИТНО ОВОШЈЕ: Зошто сибирскиот одмор на Путин во друштво на министерот за одбрана корисниците на социјалните мрежи ги потсетува на познатиот филм за геј каубојците?

Рускиот претседател Владимир Путин решил својот 67 роденден да го прослави во дивината, далеку од бурната цивилизација и државните обврски. Комбинирајќи пријатно со корисно, Путин својата роденденска прослава ја преселил во сибирската тајга, едно од најизолираните места во светот.

Одмор далеку од цивилизацијата во друштво на Секретарот за одбрана

Путин одморот го минува во прошетки и пешачење, а фотографиите покажуваат дека министерот за одбрана Сергеј Шојгу е неговото друштво. Двајцата соработници во СУВ возило заедно ја минуваат дивината, уживаат во одмор од активностите, берат бобинки и печурки.



Социјалните медиуми се смеат на сцените на двајца мажи во дивината, се чини дека ги потсетуваат на геј каубојците
Авантуристичките одмори на рускиот претседател отсекогаш го привлекувале вниманието на руските и меѓународните медиуми. Поточно, Путин е познат по својата љубов кон активните празници и досега уживал во подводен риболов и јавање на коњи во своето „топлес“ издание, кое, меѓу другото, го претвори во вирален мем.

И’ покрај тоа што тој останал целосно облечен овој пат, некои од коментаторите на социјалните мрежи не можеа да одолеат да не соопштат на кој точно ги потсетиле Путин и Шојгу.

 

 

Сцените на двајца мажи во дивината како да ги потсетуваат на филмот „Brokeback Mountain“ кој ја раскажува приказната за двајца каубојци кои се среќаваат и се вљубуваат додека работат заедно на планините.

Со оглед на атмосферата која преовладува во Русија против ЛГБТК заедницата, не знаеме како би реагирал претседателот Путин доколку дознае дека неговиот одмор во Сибир и дружењето со министерот се споредувале со добро познатиот филм кој тематизирал за хомосексуалноста.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …