Луна веќе ја поминала првата операција, за која се вели дека била успешна.
Сепак, Керол си понатаму се соочува со ужасни коментари упатени до Луна.
Некој и напишал преку Инстаграм дека Луна е страшна и најдобро е да ја убијат.
„За мене, Инстаграм истовремено беше и добар и лош. Понекогаш ќе изгледав подобро заради него, но понекогаш плачев цел ден“, вели таа.
И заради подобар живот за нејзината ќерка и ризикот од развој на карцином ако белегот не и се отстрани, Керол одлучила да даде се од себе за нејзината ќерка да биде успешно оперирана.