(ВИДЕО+ФОТО) ЖЕНА ВО ЦРКВАТА МОЈАТА ЌЕРКА ЈА НАРЕЧЕ ЧУДОВИШТЕ – Тука злобните коментари не престанале: Исповед на очајна мајка на малечката Луна која постојано ја навредуваат – а имало и препораки ДА ЈА УБИЈАТ!


Луна Фенер, шестмесечно девојче родено со голем темен белег на лицето, потсетувајќи на маска од Бетмен, е оперирана успешно, но ја чекаат уште многу операции. Мајката на девојчето, Керол Фенер (36) сега за прв пат откри зошто одлучила нејзината ќерка да биде подложена на операции и со своето дете од Флорида да оди во далечната Русија.
„Бевме во црква и жената до нас и рече на својата ќерка да не ја гледа Луна затоа што е чудовиште. Тој ден решив дека ќе ја оперираме“, ввели искрената мајка.

https://www.instagram.com/p/B2FqLBohtun/


Таа и нејзиниот сопруг Тиаго потоа отишле во потрага по лекари кои би можеле да и помогнат на малечката Луна. Тие побарале помош каде и да можат, дури и преку Интернет.
Инаку, ваквите операции во САД чинат околу 500.000 американски долари и не се опфатени со здравствено осигурување. Покрај тоа, лузните ќе останат на лицето на детето.

https://www.instagram.com/p/Bzq6Q1QBhNs/


Керол за Луна рекла дека е „прекрасно бебе“ затоа што долго време се обидувала да остане бремена. Сепак, сега морала да најде решение за нејзината ќерка да има нормален живот.

https://www.instagram.com/p/B1Um0NmheKs/?utm_source=ig_embed


„Отидов во Бостон, Чикаго и Њујорк обидувајќи се да најдам решение за неа“ ,вели Керол.
Еден ден, еден руски лекар ја видел Луна на Интернет и ја контактирал Керол. Тој ги покажа резултатите од претходните операции на пациенти и Керол и Тиаго на крајот решиле да заминат во Русија со Луна за многу помалку агресивни процедури и осум операции наместо 80. колку би ги имала во САД.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Многу луѓе ги пијат овие пијалоци секој ден, а тие можат да го зголемат ризикот од инсулинска резистенција

Инсулинската резистенција станува сè почест здравствен проблем низ целиот свет. Тоа е состојба каде што …