После долгата изолација поради Ковид, Здравко Чолиќ, се чини, полека се враќа на своите редовни обврски…
Иако на крајот на мај ќе наполни 71. година се чини дека нема намери да се оддалечи од музиката и концертите…
Неодамна го објави синглот „Сто дукати“ со кој како да го најави своето враќање на сцената а најверојатно и нов албум…
Добрите познавачи на Здравко Чолиќ знаат дека тој не практикува специјални фитнес вежби туку кондицијата и рекреацијата ги бара во шума на Кошутњак.
Токму во едно такво издание го „уловиле“ и од „Paparazzo lov“.
Го следеле скоро цел ден, а се започнало со доаѓањето на неговата сопруга Александра од шопинг, а потоа и движењата на Здравко Чолиќ по Белград, состаноци па и тренинг…
Е, токму тренингот и начинот на кој се подготвува откриле малку повеќе од Чола кој во еден момент останал по долна облека, очигледно не обрнувајќи внимание на другите околу него туку со цел да си ја намести тренерката и да започне со вежбите…
Фото: Принтскрин/YouTube/Paparazzolov