(ВИДЕО) Мерлин Монро ја барала вистината до нејзината смрт: После 60. години откриена тајна

Филмската икона Мерлин Монро и денес предизвикува голем интерес во јавноста, иако поминаа речиси шеесет години од нејзината смрт. Наскоро излегува уште еден документарен филм за оваа актерка, која во текот на нејзиниот живот го следеле скандали, а во кој за прв пат се прикажува дека Монро пред смртта се обидела да го открие идентитетот на нејзиниот биолошки татко.

Покрај незаменливиот сексапил, Монро беше позната и по своите комични вештини, па стана една од најголемите филмски ѕвезди во 1950-тите и раните 1960-ти, и културна и модна икона. Кон крајот на кариерата се сврте кон посериозни улоги, но во тоа време се соочи со големи разочарувања во кариерата и личниот живот. Нејзината смрт беше предмет на различни шпекулации и теории на заговор.


This image has an empty alt attribute; its file name is merilin-monro-686x1024.jpeg
Инаку, поп иконата е родена како Норма Џин Бејкер, а пораснала во згрижувачки семејства додека нејзината мајка тешко врзувала крај со крај. Документарецот наречен „Нејзината крајна тајна“ детално ја опишува нејзината очајна потрага по нејзиниот татко и во еден момент ги прикажува резултатите од ДНК тестот.

Многу биографи веруваат дека биолошкиот татко на Мерлин Монро бил Чарлс Стенли Гифорд, продавач во филмското студио RKO Pictures каде нејзината мајка Гледис работела како монтажерка. Вториот сопруг на Гледис, Мартин Едвард Мортенсон, е наведен во изводот на родените на Норма Џин.
Режисерот на филмот, Франсоа Помес, сега потврди дека откриле семејна тајна. Продуцентите тестирале прамен од косата на Мерилин, кој го земал лицето кое ја балсамирало во 1962. година за да ја извади нејзината ДНК, а потоа го споредиле со примерок од плунка од нејзиниот правнук, на нејзиниот наводен татко Чарлс Стенли Гифорд.


This image has an empty alt attribute; its file name is merilin-monro-dzemper-799x1024.png

Документарецот треба да ја има својата премиера во јуни оваа година на стриминг платформата Нетфликс. Неговиот наслов е „The Mystery of Marilyn Monroe: The Unheard Tape“ (Тајната на Мерилин Монро: Нечуената лента).
Досега се снимени десетици филмови, документарни и видео клипови за животот на легендарната поп икона која стана инспирација за многу ѕвезди на денешницата – од Мадона до Лејди Гага.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …