(ВИДЕО+ФОТО) ЗБОРУВААТ ДЕКА ТОЈ Е СО НЕА ПОРАДИ ПАРИ ЗАТОА ШТО НЕ ИЗГЛЕДА КАКО ДРУГИТЕ ЖЕНИ: Со еден потег ги ШОКИРАЛ сите и покажал ШТО Е ВИСТИНСКА ЉУБОВ

Го обвинија дека се оженил со жена во инвалидска количка за пари, но нивната љубовна приказна е најдобар доказ дека вистинските емоции немаат граници.
Приказната за маж кој се оженил со инвалид…
Американката Алиса Хигинс верувала дека нејзината попреченост ќе ја спречи да ја пронајде вистинската љубов. Поради ова, кога го запознала Џими, веднаш не ја открила вистината за нејзината состојба. Сепак, се’ се променило кога тој влегол во нејзиниот живот. Фактот дека била во инвалидска количка не го интересирала овој вистински господин, кој инсистирал да одат на романтичен состанок.
Алиса отишла на првиот состанок на 22 години, а Џими со својата упорност и емоции ги скршил сите нејзини стравови.

Грешката на докторот влијаела на текот на целиот живот на Алис. Кога се родила, нејзината мајка минувала низ многу тешко породување. А докторот кој во тој момент се наоѓал на чело на ваква кризна состојба поради недоволната стручност на бебето му нанел скршеница на кичмата. Првите часови ги поминала во инкубаторот и било прашање дали ќе го види утрото поради многу опасна повреда.
Сепак, од првата минута на овој свет Алиса покажала неверојатна храброст и борбеност. Но, и покрај извонредното закрепнување и враќањето на дел од нејзината подвижност, лекарите и предвиделе мрачна иднина. Мислеле дека ќе остане во вегетативна состојба.



Сепак, нејзиното семејство одбило да дозволи оваа прогноза да ја дефинира и ѝ ја дало сета љубов и поддршка што ѝ биле потребни за да напредува. Алиса денеска, пркосејќи им на сите прогнози, докажала дека сите лекари грешат.
Непоколебливата решеност на Алис да живее исполнет живот ја довела до нејзината сродна душа, Џими. Нивната љубовна приказна започнала на една страница за запознавање каде што веднаш се поврзале.
Сепак, оваа дама на својот профил не открила дека е во инвалидска количка.
„Тој сфати дека имам попреченост откако станавме пријатели на Фејсбук, но сепак сакаше да ме изведе на состанок. Тоа беше мојот прв состанок а имав 22 години”, искрена е Алиса.
Џими гледал подалеку од тоа и ја видел како неверојатна жена каква што била. И покажал љубезност и трпение какви што никогаш не доживеала, направил да се чувствува сакана.

Нивната љубовна приказна е најдобар доказ дека вистинската љубов не познава граници и кога двајца луѓе треба да бидат заедно, тие ќе најдат начин, без оглед на предизвиците со кои се соочуваат. Откако извесен период се забавувале, решиле да го направат следниот чекор во врската и да се венчаат.
„Ме запроси, а кога избиравме датум за венчавка, сфативме дека 7 јуни е слободен, истиот ден кога отидовме на првиот состанок, само шест години подоцна.
Тие размениле завети пред семејството и пријателите, ветувајќи дека ќе се сакаат и негуваат до крајот на животот. Тоа била убава церемонија која го означила почетокот на нивниот заеднички живот.

Сепак, нивната емотивна врска наишла на бројни критики и пречки. Поединци се сомневале во љубовта и посветеноста меѓу Алиса и Џими, верувајќи дека Џими сака само финансиски да се обезбеди, што имплицирало дека тој е со неа само за нејзините пари.
Злобните коментари продолжуваат, бидејќи сите се прашуваат како жена како Алиса успеала да се омажи за убав маж како Џими. А многумина не сфаќаат дека најмногу се заљубил во позитивната енергија, борбеноста и убавината на Алиса, посебно што доаѓа одвнатре.
Бидејќи не се грижеле многу за разновидните и сосема несоодветни мислења на луѓето, само ја зајакнале својата љубов, а круна на нивниот хармоничен брак е нивниот син Лука.
Кога Алиса дознала дека е бремена, тоа било неверојатно изненадување, особено затоа што имала само еден јајник.
„Мислев, нема шанси. згрешив“, признала таа.
Сакала да стане мајка и не прифатила да биде ограничена со нејзините физички маани. Таа одлучила да живее среќен живот со своето семејство. Нејзината упорност се исплатела кога го родила синот Лук во 2021 година. Родителството им донело многу изненадувања и вложиле многу енергија и љубов во тоа.

„Возбуден сум што ќе видам каква личност ќе стане Лук кога ќе порасне и сакам да му помогнам да постигне што сака во животот. Ќе бидам таму на секој чекор од патот за да го поддржам без разлика на се“, додава Џими.
Двојката се соочила со голема количина на критики и негативни коментари на интернет. Некои тврделе дека не е во ред да имаат дете поради попреченоста на Алиса.
Но, овој пар има поинаква мисија. Имено, тие сакаат да ги инспирираат и охрабрат другите кои можеби се соочуваат со слични предизвици преку нивната интернет содржина. Тие сакаат да покажат дека попреченоста не е пречка за родителството и дека не се дефинирани со ограничувања.


„Јас само сакам луѓето да ги нормализираат другите кои се во односи со попреченост и родителите со попреченост. Тоа е она што секој треба да го разбере. Тоа е во ред. Тоа не е ненормално, тоа е нормално”, заклучила Алиса.

Фото: Принтскрин/Instagram/ wheel.life.in.the.wheel.world

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како да ги поминете празниците без вишок килограми?

Во потрага сте по хранлив заменски оброк за управување со тежината? Брзото темпо на современиот …