Расплаканата актерка не ја крие вознемиреноста: Натали Портман потресена од аферата на нејзиниот сопруг

Актерката Натали Портман се појавила вознемирена за време на излегувањето со нејзините деца и сопругот Бенџамин Милпид, по веста за неговата наводна афера со помлада жена.
На фотографиите до кои ексклузивно дојде порталот Page Six, актерката и балетанот се фотографирани во саботата како интензивно разговараат додека седат заедно на клупа.


Во еден момент, Портман изгледала како да ги брише солзите под очилата за сонце.
За време на разговорот, мајката на двете деца ја спуштила главата на врвот на клупата додека Милпид, кој во саботата наполни 46 години, загрижено гледал кон неа.
Ова е прв пат парот да биде виден заедно откако се појавила веста дека балетанот наводно имал афера со 25-годишната Камил Етјен.

Фото: Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …