(ВИДЕО+ФОТО) Започнала резервацијата на станови во првиот пловечки град во светот

Во моментов се прифаќаат резервации за станови во пловечкиот град. Најевтиниот ќе чини околу 25.000 американски долари.
Компанијата The Blue Estate Island ги открила плановите за изградба на првиот пловечки град на вештачки остров среде Карибите. Островот ќе биде изграден од специјални бетонски модули, и ќе се наоѓа помеѓу Флорида и Бахамите.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by The Blue Estate (@theblueestate)


Иако градот ќе биде „на вода“, на идните сопственици им се гарантира безбедност. За да се заштитат од брановите, но и од криминалците, градот ќе биде опкружен со бетонски sидови високи околу 50. метри. Ќе се инсталира посебна заштита на прозорците на сите згради од урагани, кои се вообичаени во тој дел од светот.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Blue Estate (@theblueestate)

На крајот, градот ќе биде изграден на пловечка платформа што ќе може да се движи во случај на силни метеоролошки проблеми, но и да се „закотвува“ по своја волја, исто како и секој брод.
Островот ќе биде фокусиран на самоодржливост, а целата потребна енергија за нормален живот ќе се произведе на самиот остров со помош на обновливи извори.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Blue Estate (@theblueestate)

Во моментов се прифаќаат резервации за домови во тој град. Најевтиниот стан може да се купи по цена од 25.000 американски долари, а најскапата куќа за 1,5 милијарди долари.

Се верува дека пловечкиот град ќе биде изграден до 2025. година и дека во него ќе живеат околу 15.000 жители. Покрај станови и куќи, ќе се градат и училиште, болница, како и неколку деловни простории. Покрај тоа, претприемачите се поттикнуваат да отворат свои компании на овој остров бидејќи таму нема да се наплатуваат даноци.

Видео и фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …