(ВИДЕО) Поделила трик за совршено пире од компири и станала вирален хит: Луѓето и заблагодаруваат!

ВИДЕО од една корисничка на ТикТок за тоа како прави пире од компири стана вирален хит на таа социјална мрежа, а многумина потоа го пробале нејзиниот рецепт и биле воодушевени.
Џордин Џо Паркс од Тексас првично била шокирана кога дознала дека многумина компирите за пире ги готват само во вода, и тоа не насолениа.

@jeauxpReply to @katiebug918 hope this helps!! Try it out and let me know what you think!! ❤️❤️❤️


♬ original sound – JeauxP


„Чекај, чекај, чекај … Ми велите компирите ги варите само во вода?“, рекла таа во видео во кое одговарала на прашања и го споделила својот трик.
„Сакам да ги варам компирите во лушпа, нанесувам само малку масло од авокадо на кора. Но, ако не сакате да ги варите компирите во лушпа, тогаш слободно излупете ги и исечете ги на половина. Додадете чаша вода и морска сол, а потоа пилешка или говедска супа, во зависност од месото што ќе го послужите со пирето. Тоа ќе го подобри вкусот и пирето подобро ќе биде многу покремасто кога ќе додадете путер и млеко”, објаснила таа
Нејзиниот трик потоа го испробале многу други корисници на „ТикТок“ и потврдиле дека делува.

@mrs.cfordIf you know who she is please let me know! I would love to personally thank her.


♬ original sound – Okie Grown

„Сакам лично да и се заблагодарам на таа жена“ пишувале подоцна.

Фото: ТикТок

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …