(ВИДЕО+ФОТО) За жирито Антониа Гиговска е беспрекорна – но публиката си избра друг победник!

Синоќа беше одржано Големото финале од годинешниот избор на „Пинкови ѕвездички – Ол Старс“ за кое пишувавме со недели, особено за успешните настапи на Антониа Гиговска.
Но, синоќа жирито беше само во функција на набљудувач, а за најдобрите одлучуваа гласовите на публиката преку смс пораки, а за жал поради малиот број на тие гласови Антониа не мина повеќе од вториот круг…

Беспрекорна како и секогаш Антониа Гоговска и синоќа блесна во големото финале на „Пинковите ѕвездички – Ол старс“. Во финалето таа настапи единаесетта, а се претстави со евровизиската песна на Тамара Тодевска „Proud“.
Во вториот круг Гиговска настапи со „I’ll never love again“ од Лејди Гага. Иако одличниот настап не беше доволно за да го преживее кругот, доби одлични стоечки овации и критики од петчленото жири, кое немаше улога да ги оценува натпреварувачите.

„Плачев на оваа сцена, толку многу што не ми беше добро. Мораме да се потрудиме да ја тагираме Лејди Гага на овој твој настап, таа е доволно голем уметник за да те препознае. Мора да те види, јас никогаш не сум слушнала некој толку добро да отпее нејзина песна. Ниту приближно. Голем респект и поклон за тебе Антониа, заслужи. Без разлика како ќе заврши вечерта“, изјави Гоца.
Уживајте во настапите на Антониа.
Proud Тамара Тодевска

I’ll never love again Лејди Гага



Сергеј Пајиќ е ѕвездичка над ѕвездичките
Во тесната битка за најпосакуваната победа во годинашново издание на о „Пинкови ѕвездички – Ол Старс“, Сергеј Пајиќ си заминува со статуетката Пинкова ѕвездичка. Во суперфиналето на петтата сезона на шоуто Сергеј освои повеќе гласови од публиката од Бојана Радовановиќ од Белград.

Сергеј се издвои како најголем фаворит од публиката, но продукцијата не ги заборави и другите. Дарија Врачевиќ и Давид Марковиќ добија бесплатно патување во „Дизниленд“, а исто така, продукцијата дополнително им додели микрофони на нив двајца, на Бојана, Сергеј и на нашата Антониа.
Во продолжение погледнете го видеото од прогласувањето на победникот:

Секако, финалната вечер траеше до 03. часот наутро…Како и секоја година и оваа не се издвои продукцијата да бара доволен број гласови од публиката преку смс пораки (доволно пари) за да може да заработи. А, тоа што на сцената се менуваа малди момчиња и девојчиња (на возраст од 10 до 15 годинИ) не е важно…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …