(ВИДЕО+ФОТО) ВАКА ИЗГЛЕДА СТАН ОД ДЕВЕТ КВАДРАТИ КОЈ СЕ ИЗДАВА ЗА 750 €: Не би поверувале ШТО СЕ СОБИРА ВО НЕГО, но ЕДНА РАБОТА сè уште недостасува

Животот во Париз не е евтин. Просечните цени на киријата во француската престолнина варираат во зависност од локацијата и големината на станот, а гарсоњера може да се најде по цена од 1.000 до 2.400 евра. Меѓутоа, ако не сте премногу пребирливи, можете да најдете подостапно сместување.
Викрам е еден од тие – овој Јутјубер е попознат по прекарот Тимвикс и живеел во Париз во микро-стан од само девет квадрати, кој месечно го плаќал 750 евра.

This image has an empty alt attribute; its file name is pariz-mal-stan-1.jpg
Иако е многу мал простор, тоа било доволно за кревет, шпорет со мијалник и мал фрижидер, биро, па дури и туш кабина. Имало и простор за чување лични предмети – од облека до прехранбени производи, тенџериња и други садови.
Единствено што му недостигаше во тој микро-стан е тоалетот – тој се наоѓал во ходникот надвор од станот и го делел со друг сосед, пренесува Punkufer.


This image has an empty alt attribute; its file name is pariz-mal-stan-2.jpg
Освен релативно ниската кирија за Париз, најдобриот дел од овој стан е погледот. Не само што големиот прозорец визуелно го зголемува просторот, туку нуди и поглед на Ајфеловата кула. Поради близината до центарот на градот и метро станиците, многу е лесно да се стигне до кој било дел од Париз.
Како изгледа кога човек живее во микро-стан од девет квадрати, погледнете во видеото.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …