(ВИДЕО) По 10 ГОДИНИ БРАК и три деца, ја дознавме ВИСТИНАТА ОД НАЈЛОШИОТ КОШМАР: Направив ДНК анализа и реалноста ме удри како чекан – но семејството НИШТО НЕМА ДА НИ ГО СРУШИ!

Селина и Џозеф Кинонес од Колорадо се заедно 17 години и имаат три деца, а парот одеднаш дознал шокантна вест која има моќ засекогаш да им го промени животот.
Имено, по повеќе од 10 години брак, Селина решила да го истражи своето семејно стебло и да направи целосна ДНК анализа која и ги покажала сите нејзини роднини. Не се ни задлабочила премногу во своето семејно стебло кога дошла до неверојатно сознание – била во роднинска врска со нејзиниот сопруг Џозеф!
„Се омажив за мојот сопруг во 2006 година. Имаме три деца, а потоа дознавме дека сме братучеди“, напишала таа во вирална објава на TikTok која е прегледана над 4,4 милиони пати!

„Моите деца и мојот сопруг се моето сè и го надминавме ова. Сите наши деца имаат 10 прсти на рацете и нозете“, додала таа.


@realestatemommas #CapCut ♬ original sound – The Qs (Realtor & Writer)

Селина вели дека моментот кога дознала бил „погубен“, но од друга страна, тоа не ги променило нејзините чувства. Напротив, вели дека го сака својот сопруг повеќе од кога било и дека не и пречат негативните коментари и сугестии од јавноста дека треба да се разведе.


This image has an empty alt attribute; its file name is 10-godini-vo-brak-1.jpg
„Направив ДНК тест во 2016 година и тоа беше поразително. Му реков на мојот сопруг: ‘Душо, ние сме во роднинска врска. Дали воопшто треба да бидеме заедно? Ова е чудно’. Сето ова навистина ме исплаши. Се забавувавме четири месеци пред да се венчаме, никогаш не се ни посомневавме во оваа можност додека не направивме ДНК тест”, објаснила таа во едно од нејзините видеа на TikTok.
„Нема да дозволам крвната врска да го уништи она што го создадовме, ова прекрасно семејство. Тој сè уште е и секогаш ќе биде моето сè“, додалаа таа.

@realestatemommas Replying to @lkmphkgb ♬ Inspiring Emotional Piano – Metrow Ar


Сопружниците инаку се соочуваат со море од осуди и критики, при што корисниците на TikTok ги нарекуваат „одвратни“. Селина истакнала дека никогаш нема да биде под влијание на она што другите го мислат.
„Не го знаевме ова и нема да се разведеме поради тоа. Замислете да им кажам на нашите деца дека повеќе не сме заедно поради туѓото мислење. Не, благодарам, ние засекогаш ќе останеме братучеди, сопружници и љубовници”, рекла таа.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Воскресение Христово – Велигден

Воскресение Христово Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат …