РАПЕРОТ P. Diddy мора да му плаќа на Стинг 5.000 долари дневно бидејќи без дозвола семплувал една од неговите песни.
Хип-хоп иконата, вистинското име Шон Комбс, го семплувал синглот на The Police од 1983 година Every Breath You Take во неговиот хит I’ll Be Missing You, а неодамна во твит открил дека на славниот пејач секој ден треба да му плаќа огромни хонорари.
Диди неодамна го коментираше интервјуто на Стинг за The Breakfast Club, кое почна да се врти на интернет. Во клипот, радио водителот Charlamagne the God го прашал Стинг: „Дали е вистина дека Диди мора да ти плати 2.000 долари затоа што не побарал дозвола за семплување на Every Breath You Take?“, на што Стинг одговорил: „Да, до остатокот од неговиот живот“, а потоа додаде дека тој и Диди се добри пријатели.
Диди одговори на објавата на Твитер и ја коригира сумата што треба да ја плати велејќи: „Не, 5.000 дневно. Љубов кон мојот брат Стинг“.
Nope. 5K a day. Love to my brother @OfficialSting! 😎 ✊🏿🫶🏿 https://t.co/sHdjd0UZEy
— LOVE (@Diddy) April 5, 2023
Песната ја снимил по смртта на Notorious B.I.G
I’ll Be Missing You првично беше објавена во 1997 година, а песната беше почит на починатиот долгогодишен пријател на Диди, Кристофер Валас, попознат како Notorious B.I.G. Во песната гостувала Фејт Еванс, поранешната сопруга на Биги и мајка на неговиот син Си Џеј Валас.
Во интервју за Hip-Hop Evolution, Диди опишал дека песната му паднала на ум кога размислувал да се откаже од својата музичка кариера по смртта на Notorious B.I.G. Тој се присетил како во тоа време изгубил 10 килограми и како во текот на неговата депресивна фаза наишол на песна од The Police.
„Бев подготвен да се откажам, немаше да издавам повеќе албуми. Потоа еден ден гледав телевизија – знаете, еден од оние моменти на очај кога нема никој наоколу и плачете на подот. Самосожалувањето е на врвот, а вие го прашувате Бога: ‘Зошто?’, а потоа го слушнав Every Breath You Take од Полис“, изјавил раперот.
„Но, тогаш помислив дека најдоброто нешто што можам да направам е да не се откажам. Бев долу, бев долу, но не завршив. Сè што можев да направам е да станам и да почнам да се борам. Така би сакал Биг“, додаде Диди.
Фото: Принтскрин/Twitter