(ФОТО) Снимена неверојатна сцена над Италија: „Предупредување од небо“?

Италијанецот Валтер Биното објави фотографија од интересна сцена на небото и со тоа започна дискусии на социјалните мрежи.
Некои корисници на Твитер тврдеа дека се работи за лажна фотографија, а некои се пошегуваа дека ова е „предупредување од небото“. Големината на овој црвен круг била околу 360 километри.
Имено, тоа е природна појава на ELVES, односно емисија на светлина и многу ниски фреквентни пертурбации поради извори на електромагнетни импулси.
Со други зборови, појавата на црвена светлина се јавува кога електромагнетни импулси на молња удираат во јоносферата. ELVE за прв пат е забележан во 1990 година, а научниците велат дека најчесто се гледа од вселената.
Поради оваа причина, нема многу фотографии. Биното го забележал благодарение на бура која се појавила во Анкона и затоа успеал да ја сними оваа интересна појава.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …