(ВИДЕО+ФОТО) Трансформација поради улога: Тешко некој може да го препознае, можете ли вие?

Минатата година пишувавме дека познатиот актер се трансформирал за новата улога, а сега кога се појавија и првите трејлери па се чини дека некогашната ѕвезда од „Саботна треска“ повторно направил одлична работа… 

Холивудскиот актер Џон Траволта (65)  потполно се трансформирал за улогата во филмот “The Fanatic”.

Траволта го толкува ликот на Мус, најголемиот обожавател на фиктивната филмска ѕвезда Хантер Данбар, кој е толку опседнат со својот омилен актер што е подготвен да направи сè само за да го добие неговиот автограм.

Како и секој добар актер, така и Џон многу темелно му пристапил на ликот. Покрај тоа што изгледа како луд научник во хавајска кошула, од него допира некоја злоба што е одличен визуелен идентитет за потребите на филмот.

Актерот во последните неколку години се повлече од шоу бизнисот по бројните приказни за неговиот приватен живот, децата и партнерките. Особено по смррта на синот Џет, Џон повеќе не бил заинтересиран да комуницира со медиумите бидејќи како што изјави во 2014 година во едно интервју, “неговиот живот повеќе немал смисла и му било потребно долго време за да закрепне”.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …