(ФОТО) Концерт за одбележување на годишнината од заминувањето на Оливер Драгојевиќ: Сопругата Весна со потресно признание!

Денеска се навршува една година од смртта на хрватскиот легендарен пејач Оливер Драгојевиќ.
По тој повод ќе се одржи концерт во неговиот роден град Вела Лука, на островот Корчула, Хрватска, Концертот е именуван според неговата песна „Траг во бескрај“ на кој ќе присуствува и неговото семејство иако нема сила за тоа, особено неговата сопруга Весна.

„Ќе биде тоа тажно дружење за семејството една година откако не напушти пејачот. Најтешко ќе им биде на сопругата Весна, синовите Дино, Давор и Дамир, како и на нивните внуци, дури шест на број, а најмалиот Марко се роди само месец дена по неговата смрт“, велат организаторите на концертот.
Неговата сопруга за хрватските медиуми вели дека не знае како ќе собере сили за да присуствува денеска на овој симболичен настан.
„Сите сме веќе тука, ќе присуствуваме. Иако јас се’ би прескокнала. Лошо ми е, сѐ ме потсетува на него. Би сакала тој ден да сум во некоја глувчешка дупка. Но не можам да побегнам, луѓето го доживуваат за свој, а нивен беше колку што беше и наш. Не знам како ќе издржам, ќе се видам и со некои луѓе со кои се немам видено со години. Сепак, драго ми е што концертот ќе биде традиција и ќе заживее и следните години“, заклучува Весна.

Близок соработник на Оливер Драгојевиќ, Гало, кој со него бил на скоро сите негови концерти од оние во Хрватска па се до светските концертни сали, со многу возбуда и тага зборуваше за ТВ РТЛ, за концертот напоменувајќи дека се ќе биде многу тажно…Но, од друга страна е неопходно да се продолжи сеќавањето на Оливер, пејачот кој остави трага не само во Хрватска туку и на Балканот…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …