(ВИДЕО+ФОТО) ТИКТОКЕР ТВРДИ ДЕКА КИЈАНУ РИВС МУ Е ТАТКО И ИЗНЕЛ ДЕТАЛИ: Не мора да ме ПРИЗНАЕ! Доцна дознав дека сум вонбрачен син на ЗВЕЗДА!

Тиктокерот Дастин Тајлер, излегол во јавноста со шокантно тврдење – дека тој е вонбрачен син на актерот Кијану Ривс.
Тој ги опишал шокантните детали во една од неговите снимки, каде што прво објаснил дека е роден како син на еден од најпознатите актери во Холивуд.
После тоа напишал дека неговите родители се развеле уште пред мајка му да каже дека е бремена, додавајќи дека пораснал со информацијата дека татко му починал, па само мајка му го воспитувала во текот на неговиот живот.

„Како што стареев, конечно ја добив вистината од мајка ми, се покажа дека татко ми е Кијану Ривс“, напишал тој.
Во коментарите, многумина го поддржале, па му веруваат, со оглед на тоа дека навистина личи на актерот. Во едно од видеата, тој додал дека навистина не му треба неговиот татко да го признае целосно.

Актерот Кијану Ривс не ги коментирал неговите тврдења.
Познато е дека партнерката на Кијану Ривс, Џенифер Сајм, во осмиот месец од бременоста роди девојче Ава Арчер Сајм Ривс, која починала при породување. Трагедијата ги погоди силно, па по неколку недели одлучиле да раскинат.

Во април 2001. година, Џенифер имала сообраќајна несреќа и починала на местото на настанот. Медиумите пишуваат дека во моментот на несреќата била под дејство на седативи пропишани од нејзиниот лекар поради депресијата од која страдала.

@omfgitsdustintyler#foryou #fyp♬ original sound – Sarah Cothran


Ривс, кој тогаш требало да го снима филмот „Матрикс“, побарал пауза за да може да се справи со несреќата што го снашла. После тоа, тој никогаш повеќе не се оженил.


Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …