HUAWEI nova 9 пристигнува на македонскиот пазар со кампања за претходна нарачка во комплет со Huawei FreeBuds 4

Веднаш по официјалната премиера на новиот смартфон HUAWEI nova 9 во Виена на 21 октомври, започнува кампања за претходна нарачка на моделот на македонскиот пазар. Кампањата ќе трае до 31 октомври 2021 година. Така, секој што нарачал HUAWEI nova 9 во периодот од 21.10 до 31.10.2021, ќе го добие во комплет со безжичните слушалки HuaweiFreeBuds 4. Бојата на HUAWEI nova 9 е според достапноста на одредените места за продажба – Blackили StarryBlue, а Huawei FreeBuds 4 во Silver Frost верзија.

Во наведениот период, комплетот може да се нарача во партнерската мрежа на Huawei, која ги вклучува –Македонски Телеком, А1 Македонија, Нептун, Анхоч, Техномаркет и Сетек.


Повеќе информации може да добиете од официјалната страна на Huawei.

Новиот HUAWEI nova 9 има атрактивен дизајн, исклучително тенок и лесен, и целосно се полни за само 38 минути. Ultra Vision системот на задната страна вклучува главна RYYB Ultra Vision камера од 50 мегапиксели, ултра широкоаголна камера од 8 мегапиксели, камера со длабочина од 2 MP и макро камера од 4 см за исклучителни портрети, панорамски или градски фотографии одблизу и далеку. Добивате и селфи камера од 32 мегапиксели со модерни карактеристики. Фокусот е на снимањето во 4Kи моќните опции за користење на предната и задната камера за време на едно видео-да се сменат камерите во кадарот на едно видео, да се снима истовремено,“слика во слика”, и многу повеќе.Huawei FreeBuds 4 се TWS слушалки од отворен тип кои репродуцираат звук со висока резолуција и поддржуваат адаптивно намалување на бучавата за максимална долгорочна удобност. Сетот е совршен погодок за модерниот и динамичен начин на живот, со стилски изглед, моќна мобилна платформа и сигурност во однос на траењето на батеријата.


Кампањата трае од 21.10 до 31.10.2021 година или додека не се потрошат количините, по препорачана крајна цена од 29.999 денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …