(ФОТО) КОНЕЧНО – После две години Џек Николсон се појавил во јавност!

Џек Николсон по речиси две години, беше виден во јавноста, во вторникот, 19. октомври, на натпреварот на Лос Анџелес Лејкерс.
Актерот (84) со својот син Реј (29) седел во публиката на отворањето на сезоната на Лејкерс, чиј инаку голем фан е, против Голден Стејт Вориорс.
„Џек изгледаше среќен што среќен што се врати!“, изјавил тој за „E! News“. Покрај славниот актер, на натпреварот присуствувале Адел, Ашер, Џастин Бибер, Кевин Харт, Џејмс Корден, Лил Вејн и други.


Николсон последен пат беше фотографиран во јавност во јануари 2020. година, кога присуствуваше и на натпревар на Лејкерси.
Неговиот последен филм беше „How Do You Know”“, од 2010. година, во кој глумеше со Рис Витерспун, Пол Рад и Овен Вилсон.

Иако оскаровецот во последните неколку години беше виден неколку пати во јавноста – на доделувањето на наградите и во шоуто „Saturday Night Live“ од 2015. година, тој живее релативно повлечен живот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …