(ВИДЕО+ФОТО) Телохранителот на Мајкл Џексон открил интимни детали кои фрлаат сомневање на целиот документарец „Leaving Neverland“

Филмот „Leaving Neverland “ натерал стотици илјади луѓе на размислуавње за тоа дали починатиот крал на попот навистина бил педофил или не. Се’ повеќе познати и непознати лица кои го бранат Џексон и’ не сакаат да слушнат за тоа дека бил педофил кој со години злоставувал момчиња на својот имот Neverland.


Некогашниот телохранител на Мајкл Џексон одговорил на обвиненијата на Вејд Робсон и Џејмс Сејфчук велејќи дека овие двајца мажи лажат дека поп ѕвездата ги злоставувал и дека Џексон отсекогаш сакал жени.


Бил Витфилд кој му бил телохранител на Мајкл Џексон две години во својата книга пишува за времето поминато со кралот на поп музиката и рекол дека обвиненијата против пејачот се лажни. Витфилд детално го опишал времето поминато со Џексон и рекол дека тие двајца често разговарале за атрактивни жени, пишува Mirror.


“Разговаравме за жени кои ги сметаше за многу привлечни. Толку многу зборувавме за нив што сум сигурен дека сакаше жени”, рекол Витфилд и додал дека не знае што точно правел со нив.
Рекол и дека жени никогаш не носел на ранчот Neverland каде биле децата.

“Многу време поминуваше насамо со различни жени. Нема да навлегувам во тоа што правел зад затворени врати, тоа е негова работа. Меѓутоа, често беше во женско друштво и знам дека го интересираа жени”, рекол Витфилд.
Сепак, во интервју признал дека не може со сигурност да тврди дека Џексон имал сексуални односи само со жени, но рекол дека Мајкл не бил педофил и мажите кои се во филмот ги наркол лажговци.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стенд ап настап на Александар Георгиевски – G Vision вечерва во Оро

Третиот по ред стенд ап во Оро, ќе се одржи денес, со почеток во 21:00 …